Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, утре во Брисел, Белгија во зградата на Европската Комисија заедно со албанскиот министер за внатрешни работи Бледар Чучи и Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ќе потпишат обновени договори за борба против тероризмот со цел спроведување на Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот во Западен Балкан.
Пред самото потпишување на договорот министерот Спасовски ќе оствари трилатерален работен состанок со Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон и со министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бледар Чучи на кој ќе се дискутира за управувањето со миграциите, особено ЕУ Акцискиот План за Западно Балканската рута, Извештајот за механизмот за суспензија на визи, организиран криминал и тероризам, соопштуваат од МВР.