Спасовски за инцидентот кај „Мавровка“: Лицето што пукаше е во блиска роднинска врска со претседателот на Алијанса

од Nikola Popovski
264 прегледи

За инцидентот кај „Мавровка“ што ни се случи веднаш е приведено лицето што пукаше со пиштол и изведено е пред јавен обвинител и надлежниот суд. Изречена е мерка притвор од осум дена. Имаме приведени уште три лица, од кои едно имаше пиштол. Лицето не го употребило оружјето, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Клик 21“.

На прашањето дали овој инцидент можел да биде претходно организиран, Спасовски поставува контра прашање:

-Дали мислите дека некој ќе организира инцидент со двајца коалициски партнери? Лицето што пукаше во воздух е член или во блиска роднинска врска со претседателот на опозициската Алијанса на Албанците. Не сакам да политизирам, можеби тоа е случајност, но од друга страна опозицијата да ја обвинува власта дека исценира одреден настан со нивни луѓе, тоа е невозможно, рече Спасовски.

Министерот упати апел до политички лидери кога повикуваат на протести да бидат на висина на својата задача.

-Потпалување на состојбите во државата не носат на добро. Вие се сеќавата 2017 година, неколку денови по ред, имавме јавни собири и повикување ппред Собранието, говор на омраза и на крај ни се случи упадот во Собранието. Животот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не бил загрозен и тоа го прави само за политички поени, додал Спасовски.