Потребно е прво да се разгледаат сите аргументи и факти, па потоа да се носи суд, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во врска со инцидентот од Битола.
Тој додаде дека постапката е во фаза на истрага, додавајќи дека не оправдува насилство.
-Ја видов новата снимка од инцидентото во Битола, треба да ги почекаме сите аргумети и факти па да се донесе суд . Случајот е во истрга, најаважно е да се донсат одлуки за тоа кој го прави делото. Воедно не смее да се генерализира, треба да се издвојат оние припадници што ги пречекоруваат должностите и тие да сносат одговорност. Напад врз полицаец е напад врз државата, треба сите заедно да се штитиме меѓусебно. Да ги штитиме граѓаните и да ја штитиме макеоднската полиција, затоа што секогаш кога е тешко бараме помош од македонската полиција.Не оправдувам насилство како и напад на полицајци изјави министерот за внатрешни работи.