Спасовски за лажните дојави за бомби: Ги знаеме мејл адресите, пуштени се од надвор

од Nikola Popovski
296 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва информира дека постои загриженост околу лажните дојави за бомби во средните училишта во Скопје, но дека целиот регион е цел на хибридни закани.

-Тука се испреплетуваат интересите на големите стратешки сили. Истрагата се анализира во неколку правци. Ги знаеме мејл адресите, од надвор се пуштени. Имаме сериозни индиции и во тој дел работиме максимално посветено, се со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови што ни се случуваат, рече Спасовски во вестите на Тв Сител.

Тој додаде дека сите капацитети на безбедносните служби се насочени кон сериозна заштита.

-Имавме и сериозни обиди за хакерски напади на неколку институции. Важно е во дел на сајбер-безбедноста да се преземат сите мерки. Работиме посветено со цел да дојдеме до оние кои го сториле ова, додаде Спасовски. Колку и да се ова лажни дојави, постојат протоколи кои мораме да ги практикуваме, дециден е Спасовски.

Слични содржини