343
Премиерот, Оливер Спасовски во однос на објавените „бомби“ за Антонио Милошоски рече дека се што имале СДСМ го предале на СЈО.
„Јас не ги слушнав и не знам за што се работи, само знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат, да видат кои материјали се, какви се, од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. Институциите треба да работат ефикасно и да ги откријат тие кои ова го прават, и врз основа на тоа да преземат соодветни санкции“, изјави Спасовски.