211
Министерот за внатрешнио работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи сподели информација дека за оваа година е зголемен бројот на откривачката дејност на илегална миграција.
„Што се однесува за Регионалниот центар Исток, во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период минатата година регистрирано е зголемување во откривачката дејност на илегалната миграција за 32,54%, а зголемен е и бројот на откриени илегални мигранти за 38,56% кои се обиделе да ја поминат границата“, напиша Спасовски во објавата на Фејсбук.