Спасовски: За ВМРО-ДПМНЕ е важно како да дојде на власт, а не како да се постигнат националните интереси

од Stefanija Kuzmanovska
125 прегледи

За ВМРО-ДПМНЕ е важно како да дојде на власт, а не како да се постигнат националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ немаше став за Преспанскиот договор, немаше став за Договорот со Бугарија. Тие постојано се на став дека за нешто се против, но без аргументи. Тоа не е став, стои во објава на Фејсбук на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Со силата на аргументите, низ дебата, ќе треба да се убедат сите чинители дека се потребни уставните измени.

Која е алтернативата да не се согласиме дека Македонија треба да биде членка на ЕУ? Нема алтернатива. Граѓаните сакат да се изградат институциите на европски вредности.

Коалициониот капацитет на СДСМ секогаш бил поголем од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е клучното во реконструкцијата на Владата, бидејќи принципите и граѓанскиот концепт ги отворија можностите и перспективите да се обединат повеќе луѓе околу овие идеи – да се остварат стратешките интереси, државата да биде за сите граѓани, да се намалат поделбите. Тој капацитет до ден денешен е поголем од ВМРО-ДПМНЕ.

До 2008 година постоеше енормно силна поддршка и консензус за НАТО и ЕУ. Како започна владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тој режим, со рушењето на човековите права и непреземањето на ниту еден чекор на нашите приоритети, така почна да се зголемува евроскептицизмот.

И денес однесувањето на ВМРО ДПМНЕ е исто, без разлика на промената на Груевски со Мицкоски.

Потребна е храброст во носењето на одлуките“, наведе Спасовски.

Слични содржини