Ова е веќе трет ден ако ја вклучиме и дојавта за бомба во ЈСП, во најамла рак ова е монструозен чин и веројатно е дел од хибридните напади. Ќе се анализира да видиме дали се политички, геостратешки или можеби бизнис причини, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Вин-Вин на Телма вов рска со дојавата за бомби во средните училишта.
-Ние имаме атак, се трошат време и ресурси кои треба да бидат спроведени по протокол. Тоа и се случи со ЈСП Скопје кога сите автобуси беа проверувани.Во оваа фаза ги знаеме мејловите и знаеме од каде се пратени и на тоа работиме интезивно, вели министерот.