Спасовски: Законот за јавни собири се уште не е донесен, тоа е предлог за кој ќе се дебатира

од Viktor Jovanov

Направивме 19 законски решенија поради Законот за прекршоци еден од нив беше законот за јавни собири. Се направија првични реакции, прифаќам дека треба да се разговара. Се организира средба со невладините организации. Грешка е што тоа не го направивме до сега, но еве сега ќе направиме такво нешто, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Вин-Вин.

-Се создава атмосфера дека не може за ништо да се разговара во оваа држава. Предлог-законот е доставен до Собрание каде ќе има расправа и во парламентот и надвор од него со невладините организации. Промените на предлогот одат по регуларен пат, вели Спасовски.

Актуелниот министер за внатрешни работи вели дека клучно за предложување на овој закон било влегувањето во Собранието на 27 април 2017 година и изјавите кои биле дадени на суд и конкретната точка „забрана за протестирање внатре во државните институции.

Слични содржини