Лични документи се издаваат и сега, едноставно имаше зголемен обем на побарувачка, поради пандемијата. Многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи, рече днеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Имаме најава дека од денеска, од 21.00 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем за издавање документи. Тоа е процедура која што мораме да ја завршиме, бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и Уставот и од понеделник повторно започнуваме со нормално функционирање. Застој ќе има четврток и петок,. Јас само апелирам да има трпение кај граѓаните. Значи до сега немаше застој, а застој ќе има од вечерва поради миграцијата на податоци, рече Спасовски.