Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање изјави дека зголемениот буџет за Министерството за внатрешни работи ќе значи континуитет во унапредување на условите за работа. Додаде дека тоа е добра работа затоа што за подобрувањето на капацитетите во безбедносниот сектор е потребно повеќе време.
– Важно е дека за Владата безбедносниот сектор е приоритет. Често напоменувам дека за безбедносниот сектор, за одбрана и заштита, за здравството, не треба да разговараме само кога имаме криза бидејќи ни се случувало, ако има Ковид, ајде ќе ги јакнеме капацитетите за здравство. Ако имаме пожар ајде сега ќе разговараме за противпожарни бригади. Ова мора да се решава во континуитет. Да се створаат услови бидејќи и кадар и опрема не е нешто што можете вие за еден ден да го обезбедите. Затоа е важно што таа порака Владата ја прифаќа тоа е јасна политичка волја изразена во овој дел и затоа се зголеми буџетот за шест проценти, изјави Спасовски од Тетово каде беше на регионална средба со раководствата на неколку сектори при МВР.