Спасувачите во Нова Каховка: Најголем проблем не е водата, туку Русите кои не гранатираат

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Спасувачите кои работат на украинската страна на реката Дњепар известуваат дека работат под оган.

„Најголемиот проблем во моментов не е водата, туку Русите од другата страна на реката кои не гранатираат“, рече Ендрју Негрич, кој ги координира спасувачките напори за американската хуманитарна организација Global Empowerment Mission.

Доцна синоќа, да потсетиме, новинарите на „Ројтерс“ слушнале четири артилериски салва во близина на станбената зона од која беа евакуирани цивили поради поплавите предизвикани од уривањето на браната Нова Каховка.

Прорускиот градоначалник на блискиот град Нова Каховка, кој е под руска окупација, изјави дека по уништувањето на браната исчезнале најмалку седум лица, пренесува руската режимска агенција ТАСС.

Засега не се пријавени жртви поврзани со поплавите, но советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека поплавите „веројатно предизвикале многу жртви“.

Слични содржини