СПЦ одлучи македонските владици од своите редови да ги интегрира во МПЦ-ОА

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

На Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, кој се одржа од 14 до 20 Мај 2023 година во храмот Св. Сава, во Белград, помеѓу останатото, особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на Архијереите на Православната Охридска Архиепископија (ПОА), во светлина на минатогодишната одлука на Светиот Архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, се вели во соопштението на СПЦ.

За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската Православна Црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската Православна Црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури.

Слични содржини