Специјалци од акцијата во Куманово со писмо до Специјалната обвинителка

од desk3
121 прегледи

Група припадници на специјалните единици на полицијата, кои учествуваа во полициската акција во Куманово на 9 и 10 мај, испратија отворно писмо до специјалната обвинителка Катица Јанева, од која бараат како прв предмет да го разгледа случајот „Дива населба“ – пренесува Ал сат.

kumanovo_operacija-540x406

Убедени дека станува збор за сценарио, полицајците од Јанева бараат да ја обелодени вистината за тоа кој и како ги испратил во директна смрт осумте нивни колеги.

Полицајци од специјалните единици:
„ОБВИНИТЕЛКЕ, сведоци сме на една проклето дрска, беспоштедно сурова реалност, каде што оваа ненаситна, лицемерна, лажна и ненародна власт ни ја создаде оваа перверзно болна сегашност. Власт која се дрзна да не жртвува и нас, полицајците, синовите македонски.
Во името на нашата идна соработка како ваша продолжена рака, ХРАБРО И ДОСТОИНСТВЕНО ве замолуваме, случајот „Диво насеље“ да го отворите меѓу првите, ја сакаме и заслужуваме вистината.
Нашите осум браќа, соборци, сеуште не почиваат во мор.
Дајте ни НАРЕДБА, и ќе ви го донесеме и ѓаволот од пеколот со лисици на рацете и ќе го клекнеме пред вас!“

Од друга страна, според текстот кој вчера го објави неделникот Фокус, лидерите на уапсената група во Кумановската акција се подготвуваат да ја раскажат историјата за случувањата кои му претходеа на крвопролевањето.

 

Повеќе ТУКА