Специјална олимпијада на Северна Македонија како водечка спортска организација во државата која се грижи за спортот за лицата со интелектуална попречност и оваа година ќе биде дел од 24-то издание на Европската фудбалска недела (#EFW2024). Годишна иницијатива во рамките на Специјална олимпијада Европа-Евроазија(S0EE) со возбудливи фудбалски активности што се одржуваат низ целиот континент. Европската недела на фудбалот (EFW) ја покренува европската фудбалска заедница на сите нивоа, со што и оваа година нема да биде поинаква. Во рамките на 24-то издание ќе бидат инволвирани над 35.000 спортисти во 350 настани во 45 земји, помеѓу кои и нашата држава.
Под мотото “Прославување на убавината на фудбалската игра за СИТЕ!”, Специјална олимпијада на Северна Македонија ќе организира национален настан во 3X3 фудбал со натпревари и активности за нашите атлети кои ќе бидат дел од оваа инкузивна спортска иницијатива.
Настанот ќе се оджи на 08.06.2024 година во Градскиот парк во Скопје (кај школката) од 10 до 13часот.
АГЕНДА за настанот:
09:30 – 10:00 Прием на атлетите и гостите и појадок
10:00 – 10:15 Отворање на Европската фудбалска недела со обраќање на:
-Претседател на Специјална олимпијада на Северна Македонија, г-ѓа Моника Бошкоска;
-Ѓорги Сурловски, атлет на Специјална олимпијада на Северна Македонија
-Претставник од Фудбалската Федерација на Македонија
10:30 – 12:30 3×3 Фудбалски активности – Тренинг полигони и натпревари (со практична примена на Јунифајд концептот меѓу партнерите и атлетите на СОМ);
Полигони и мал фудбал за атлетите од инкузивната програма “Млади атлети”.
12:30 – 13:00 Доделување на признанија и награди
13:00 – 13:30 Ручек и дружење на сите учесници