Специјалните служби во САД гледаат низ ѕидови со Wi-Fi

од desk3
81 прегледи

Тајните служби на САД, користејќи развој на научниците од Лондонскиот универзитетски колеџ, можат да ги следат движењата на човек во соседно просторија со помош на Wi-Fi, информира IEEE Spectrum.

SPEC

Движењето во објекти опремени со ресивери за зрачење, се случува со користење на Доплерово поместување на фреквенцијата на емитување (произлегува од движењето на предмети) во Wi-Fi или мобилен сигнал.

Новата технологија е способна да го следи движењето на луѓето зад бетонски ѕидови со дебелина до 25 сантиметри. Според програмерите таа веќе овозможува (благодарение на употреба ма smartphone) да се следат и човековите гестови.

Од работата на специјалистите се заинтересирани тајни служби. Поконкретно технологија овозможува да се следи движењата на луѓе зад ѕидови и во случај на потреба (на пример терористичка закана) да се одржуви акција.

Развиената технологија на научниците ја освоила наградата Engineering Impact Award, доделена за време на церемонијата од 3 до 9 август 2015 година во градот Остин, Тексас.

Претходно научниците од МИТ предложија движењето на луѓето да се следи со GSM и LTE сигнали. Но за разлика од разработката на лондонските инженери нивните радари се активни – не само што прифаќаат, но и пренесуваат сигнали. Британската технологија е лишена од овој недостаток, дополнува Lenta.ru.