СЈО ги чува сите влезови во НБРМ- со судски налог бара документи од Централен регистар

од desk4
113 прегледи

Централен регистар е под опсада од истражителите на Катица Јанева.  Специјалното обвинителство  наредило да се обезбедат сите влезови на Народна банка за да не може никој да изнесува документи од таму, кои понатаму би можеле да бидат клучни докази за нов предмет кој се уште се наоѓа во предистражна постапка, јави Алсат М.

images (50)

Станува збор за можни докази во предистражна постапка, која засега се чува во тајност.

Како што пренесуваат  Алсат М, истражителите и обезбедувањето на Катица Јанева нема да ја напушти зградата се додека не почне работното време утре, со цел да не може изнесе ништо од таму, или да не бидат уништени материјали.

Според информациите на одредени медиуми, Јанева пристигнала со судски налог пред Централен регистар пред истекот на работното време.