Спејси мора да плати 31 милион долари компензација на продуцентите на „Куќа од карти“

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Познатиот американски актер Кевин Спејси ќе треба да плати 31 милион долари обештетување на компанијата која беше продуцент на серијата „Куќа од карти“ (House of Cards) во која тој ја толкуваше главната улога, бидејќи доби отказ поради тужба за сексуално вознемирување.

Продуцентската куќа MRC, која стои зад хит серијата за политички интриги во Вашингтон, побара отштета за загубената заработка, што се припишува на заминувањето на актерот од серијата по обвинението против него за сексуално вознемирување и злоупотреба.

MRC изјави дека по обвинението го суспендирала Спејси од серијата и покренала внатрешна истрага според која актерот е одговорен за припишаното дело.

Заминувањето на актерот ја принуди продуцентската куќа да ја реорганизира серијата, што резултираше со „значителни загуби“, додаваат од MRC.

Сценариото мораше да се ревидира за да се исклучи ликот кој го игра Спејси и да се реорганизира целата шеста сезона, намалена од 13 на осум епизоди.

MRC покрена судска постапка во 2019 година. Истата година, судот ја отфрли тужбата против американскиот актер за непристојно однесување и сексуална злоупотреба во американската држава Масачусетс.

Актерот освои два Оскари, за најдобар актер во филмот „Американска убавина“ во 1999 година и за најдобра споредна машка улога во филмот „Вообичаени осомничени“ од 1995 година.

Слични содржини