Наводна жртва на Спејси на суд: „Ме дрогираше и ме злоставуваше, ми го уништи животот“

од Stefanija Kuzmanovska

Млад актер (кој не можел да биде именуван од правни причини) пред судот тврдеше дека 63-годишниот актер Кевин Спејси е „суров предатор“ кој го „дрогирал и злоставувал“, пишува „Гардијан“.

„Ме искористи, ме дрогираше и сексуално ме злоставуваше. Се чувствував како ајкула да кружи околу мене. Спејси е одвратен, суров и одвратен“, рекол младиот актер за време на судењето кое започна на крајот на јуни.

Тој додаде дека искуството „го оставило со голема траума“ и „му го уништило животот“.

Наводно, се започнало во 2008 година кога актерот му се обратил на Спејси за совет за неговата актерска кариера. 63-годишниот актер тогаш, како што вели, го поканил кај него каде конзумирале марихуана и пиеле пиво. Наводната жртва на Спејси тврди дека во еден момент изгубил свест, а потоа актерот го дрогирал.

„Се сеќавам дека се разбудив четири до пет часа подоцна, копчето и патент беа спуштени, а тој над мене изведуваше орален секс“, рекол актерот, кој потоа, како што вели, го оттурнал Спејси од него, а тој го избркал од станот.

Адвокатот на Спејси, Патрик Гибс, тврди дека наводите се измислени.

Слични содржини