Спејси на гробот на Туѓман

од Vladimir Zorba
386 прегледи

ОТКАКО се прошири веста дека Кевин Спејси ќе го игра Фрањо Туѓман во претстојниот хрватски филм, актерот е виден како во друштво на режисерот Јаков Седлар го посетува гробот на Туѓман на Мирогој.

Спејси пристигна во Хрватска за да се договори за филмски проект, откако треба да го игра првиот хрватски претседател во филмот на Седлар, кој ќе се занимава со операцијата „Бура“.

Многу корисници на Твитер, но и странски медиуми не беа задоволни од тоа што улогата му припаѓа нему.

Инаку, ова не е прво гостување на актерот во Хрватска. Пред 13 години беше во Дубровник и Хвар по престојот на Сараевскиот филмски фестивал.

Во својата долга кариера двапати освои два Оскари. Спејси глумеше во некои од најдобрите холивудски филмови, како Margin Call, Casino Jack, Edison, Beyond the Sea, K-PAX, American Beauty, L.A. Confidential, Se7en, The Usual Suspects итн…

Слични содржини