Во Скопје се одржа емотивна ракометна вечер на збогувањето на легендарната генерација и испраќањето на актуелната репрезентација на СП 2023.
Речиси 6 илјади луѓе дојдоа во салата „Борис Трајковски“ на егзибицискиот меч од два пати по 20 минути за да ги поздрават луѓето кои иѝ донесоа на нацијата толку многу радост во изминатите години.
Дуелот исто така беше и од хуманитарен карактер. Сите средства кои беа собрани ќе бидат донирани во СОС Детско село.
Не толку многу се гледаше на семафорот, но симболичната победа ја извојува актуелната репрезентација на Македонија со 25-21 (12-12).
Македонија: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Гоце Ѓорѓиевски, Ненад Костески, Филип Талески, Михајло Младеновиќ, Павле Атанасијевиќ, Иван Јонов, Филип Кузмановски, Давидин Петровски, Давид Савески, Марко Стојковиќ и Никола Маркоски.
Македонија (ветерани): Борко Ристовски, Петар Ангелов, Златко Даскалоски, Стевче Алушовски, Владо Недановски, Гоце Макалоски, Златко Мојсоски, Александар Јовиќ, Филип Лазаров, Мите Стоилов, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Бранко Ангеловски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Стојанче Стоилов, Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоновски.