СПЕКТАКУЛАРЕН СУПЕРБОЛ: Ремс во ПОСЛЕДНИОТ НАПАД стигнаа до шампионската титула! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
440 прегледи

Екипата на Лос Анџелес Ремс ја освои титулата во Националната фудбалска лига (НФЛ), откако синоќа на својот стадион „СоФи“ ги совлада Синсинати Бенгалс со 23:20 во 56. Супербол.

Овните го кренаа трофејот „Ломбарди“ по втор пат во историјата, а до него стигнаа на 85 секунди пред крајот на мечот со тачдаун кој го постигна Купер Кап, кој ја понесе и титулата за најкорисен играч (МВП) на Суперболот.

Лос Анџелес Рамс подобро го започнаа натпреварот, поведоа со 13:3 на почетокот на втората четвртина, откако Метју Стафорд ги пронајде Одел Бекам и Кап за тачдаун, но Бенгалс возвратија после тоа.

Хигинс фати тачдаун и намали на 13:10, а потоа следеше голем удар за „Овните“ бидејќи останаа без Бекам, кој го повреди коленото во втората четвртина.

Со тој резултат заминаа на одмор, а Бенгалс го свртеа резултатот на 20:13 со тачдаун на Хигинс и гол од поле на Еван Мекферсон во третата четвртина. До крајот на тој дел од теренот со голот на Мет Геј, „Овните“ намалија на 20:16.

Решавачкиот напад тимот од Л.А. го започнаа на шест минути пред крајот на натпреварот со резултат 20:16 за Синсинати, кој заврши на минута и 25 секунди до крајот со тачдаун на Стефорд кон Кап за водство од 23:20.

Следуваше последниот напад на Бенгала, но Арон Доналд го запре Џо Бароу, по што можеше да започне големото славје на „Овните“, кои станаа само вториот тим кој го освоил трофејот „Ломбарди“ на домашен терен.

Метју Стафорд го заврши натпреварот со 26 успешни додавања од 40 обиди, за 283 јарди. Имаше три додавања за тачдаун, но и две загубени топки.

Од друга страна, Џо Бароу имаше 22 успешни додавања од 33 обиди за 263 јарди, а фрли и еден тачдаун.

Слични содржини