Првиот фаворит за освојување на Австралија опен, Данил Медведев се пласираше во 3.коло со победата над домашниот тенисер Ник Кирјос.
Мечот траеше нешто повеќе од три часа и Русинот славеше со 7:6 (7:1), 6:4, 4:6, 6:2.
Медведев како втор носител во следното коло ќе игра против Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, на кого Ришар Гаске му го предаде мечот во 3. сет.
Sneaky from @NickKyrgios 😏@Kia_Worldwide · #Kia · #MovementThatInspires • #AusOpen
🎥: @wwos · @espn · @Eurosport · @wowowtennis pic.twitter.com/xtLmVctBIm
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 20, 2022
Кирјос направи се за да го совлада вториот тенисер во светот – удари низ нозе, сервиси под рака, расправија со судијата, тотално шоу со публиката, но не успеа.
Клучен момент на мечот беше првиот гем од четвртиот сет, кога домашниот тенисер имаше чист удар за да ја смести топката во аголо, но ја исфрли топката во аут и не направи брејк.
Unreal stuff. pic.twitter.com/zw105VNwSd
— José Morgado (@josemorgado) January 20, 2022
После тоа Медведев се „прегрупира“ и го совлада Кирјос.
Интересно, ова е прва победа на Медведев над Кирјос во кариерата, по двата порази во 2019 година.