Пукнатина долга 200 метри на источните и североисточните падини на Литли Хрутура, од која тече лава како низа фонтани, создава навистина импресивни сцени.
Исланд е познат по своите гејзери и вулкани. Пред неколку дена вулканот повторно еруптираше на полуостровот Рејкјанес на југозападниот дел на Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик.
Според исландската метеоролошка служба, станува збор за мала вулканска ерупција во близина на Литли Хрутура на полуостровот Рејкјанес, лоцирана помеѓу планините Фаградалсфјал и Кеилир. Според првичните проценки, на источните и североисточните падини на Литли Хрутур има пукнатина долга 200 метри од која тече лава како низа фонтани.
Токму тој дел го снимил Украинецот Роман кој живее на Исланд. Тој со својот дрон го прелетал местото на ерупцијата и направил навистина импресивни снимки.
Инаку, ова не е прва ерупција на вулкан на југозапад од Исланд. Последната беше минатата година, а тогаш го привлече вниманието на јавноста со спектакуларното исфрлање на лава и пепел.