Специјализантите со поддршка за Филипче: Остваривме големи достигнувања благодарение на соработката

од Nikola Popovski
422 прегледи

Здружението на лекари специјалисти се задоволни од неколкугодишната соработка со министерот за здравство, Венко Филипче и се надеваат ќе продолжи со истиот интензитет во насока на подобрување на статусот на специјализантите.

-Плата за приватните специјализанти, фер договори за државните специјализанти и укинување на лихварските договори со обврски и меници на преку 100 000 евра, укинување на интермедиерниот испит, укинување на снимањето и емитувањето во живо на нашите испити и колоквиуми, бесплатна вакцинација против хепатитис Б за сите специјализанти, здравствено осигурување на приватните специјализанти и платените дежурства, се реалност. Ова се достигнувања благодарение на министерот Филипче и ресорното министерство, стои во соопштението.

Претходно директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.

Покрај министерот, оставки поднесоа и неговиот заменик-министер, директорот на клиничката болница во Тетово и економскиот директор.

Слични содржини