422
ФФМ му најде почесно место на емотивниот говор на коментаторот на МТВ, Тони Стојановски по историскиот натпревар со Грузија.
Тој негов коментар на преносот во живо ќе остане запаметен, а ФФМ пред новогодишните празници нормално се сети на него, и го покани како специјален гостин во „Куќата на фудбалот“.
Стојановски беше примен од првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој му ја покажа плакетата на ѕидовите на ФФМ на која ќе бидат испишани неговите зборови.
“Победа за радост на душата!
Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште.”Честа е наша, Тони Стојановски!
Ви пожелуваме среќна и здрава Нова година! pic.twitter.com/V2sKTC7MNJ
— FFM (@ffmmkd) December 30, 2020