Специјалната единица на МВР и противпожарната екипа денеска спречија обидот за самоубиство .
Во скопската населба Карпош 35-годишна жена висела на прозорот од својот дом заканувајќи се дека ќе си го одземе животор.
„По пријава на 193 БППЗ-Скопје постави душек за спасување за интервенцијата во која учествувавме по дојавата за одземање на живот на една граѓанка на ул. Илинденска -блиску до МИДА“ информира Пожарна Скопје на Фејсбук.
На крајот е избегната трагедија благодарејќи на интервенцијата, која вклучуваше и полициски специјалец кој од горниот балкон се спушта на долниот и влегува во собата, по што ја спречува девојката да изврши самоубиство.
Техничка Интервенција!!!!
По пријава на 193 ☎️ БППЗ-Скопје постави душек за спасување за интервенцијата во која…Posted by Пожарна Скопје on Saturday, 20 March 2021