Спиропали од Скопје: Коридорот 8 е сон на Албанците

од Nikola Popovski
95 прегледи

Претседателката на Парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, оствари средба со нејзиниот македонски колега, Африм Гаши.

На прес-конференција во Собранието, Спиропали рече дека Албанија будно ги следи случувањата во Северна Македонија. Таа истакна и дека Коридорот 8 е сон на Албанците и додаде дека со нетрпение очекува да се изгради патот Тирана-Скопје преку овој сообраќаен коридор.

„Во Албанија посебно внимание е посветено на случувањата во Северна Македонија. Изборниот процес беше по европски стандарди, за што ви честитаме. Политичката ротација нема да влијае на односите меѓу нашите две земји. Подготвени сме да продолжиме со контактите и политичкиот дијалог. Зборуваме албански, имаме една крв и еден јазик, но знаеме дека нашиот регион се случува да биде турбулентен и односите се комплицирани. Коридорот 8 е сон на Албанците. Со нетрпение очекувам да го направиме патот Тирана-Скопје низ овој коридор“, истакна меѓу другото Спиропали.

Слични содржини