Спиропали за судењето против поранешните команданти на ОВК: „Не може жртвите да станат агресори и криминалци, а агресорите одеднаш да станат жртви“

„Ова беше фер национален протест кој не беше воден од политички мотиви. Сите што беа на плоштадот, без разлика дали доаѓаа од Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора или од албанската дијаспора - бидејќи имаше такви луѓе - се собраа во име на оваа кауза, која се однесува на суштината на нашата историска правда“, изјави Спиропали за албанската телевизија.

од Vladimir Zorba
26 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Елиса Спиропали

Албанската министерка за европски прашања и надворешни работи, Елиса Спиропали, во телевизиско интервју го коментираше протестот против Специјалниот суд за Косово во Хаг, одржан минатата недела во Тирана, објави АТА.

На протестот во Тирана учествуваа илјадници луѓе од Албанија, Косово и албанската дијаспора, кои ја изразија својата поддршка за поранешните команданти на распуштената Ослободителна војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, повикувајќи на прекин на „неправдите што Специјалниот суд за Косово во Хаг ги прави против четворицата поранешни лидери на ОВК“.

Судењето против четворицата поранешни команданти на ОВК започна на 3 април 2023 година. Тие беа притворени во Хаг на 4 и 5 ноември 2020 година под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на косовската војна во 1998-1999 година, што сите четворица го негираат.

„Ова беше фер национален протест кој не беше воден од политички мотиви. Сите што беа на плоштадот, без разлика дали доаѓаа од Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора или од албанската дијаспора – бидејќи имаше такви луѓе – се собраа во име на оваа кауза, која се однесува на суштината на нашата историска правда“, изјави Спиропали за албанската телевизија.

„Соочени сме со фактот дека пет години по обвиненијата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, имаме судење кое ги надмина законските рокови, со сомнителни докази и сомнителни обвинувања, што денес фрла сенка врз самиот Меѓународен суд на правдата“, рече Спиропали, нагласувајќи: „Ние, како нација, не можеме да дозволиме улогите во овој голем театар во име на правдата да бидат превртени и жртвите да станат агресори и криминалци, а агресорите одеднаш да станат жртви“.

Слични содржини