Список на земјоделски производи со највисоки концентрации на ПЕСТИЦИДИ

од Stefanija Kuzmanovska
678 прегледи

Јагодите минатата година повторно беа први на списокот на земјоделски производи со најголемо количество остатоци од пестициди.

Во само еден примерок, контролите покажале остатоци од дури 20 различни пестициди, додека повеќе од 98 отсто од примероците на јагоди, спанаќ, праски, нектарини, цреши и јаболка биле позитивни на остатоци од најмалку еден пестицид, според студијата на работната група за животна средина на САД.

Истражувањето вклучува рангирање на 47 најпопуларни видови овошје и зеленчук во зависност од контаминацијата со пестициди. Веднаш зад јагодите е спанаќот, кој содржи 1,8 отсто повеќе хемикалии од другите, а потоа следуваат нектарини, јаболка, грозје, праски, цреши, круши, домат, целер, компири и лути пиперки.

Секој од овие земјоделски производи беше позитивен на остатоци од пестициди, во повисоки концентрации од другите производи на списокот.

Слични содржини