Раководството на Манчестер Јунајтед состави скратен список од тројца напаѓачи, од кои со едниот тимот на Ерик Тен Хаг треба да се засили во летниот преоден рок.
Според ESPN, тројцата играчи имаат сосема различни профили. Стрелецот на Брентфорд, Иван Тони е најтипичниот центарфор во оваа група. Англискиот репрезентативец има 28 години и влегува во последните 12 месеци од договорот, па сигурно сега е моментот Брентфорд да го продаде и да го направи следниот голем чекор во кариерата.
Друго име на списокот е напаѓачот на Болоња, Џошуа Циркзи, кој има 23 години и има откупна клаузула од 34 милиони фунти. Милан има многу силен интерес за него и „росонерите“ го сметаат за речиси сигурно ново засилување, но Манчестер Јунајтед и Арсенал, кои исто така се поврзуваат со Холанѓанецот, би можеле да им ги замрсат плановите на италијанските гиганти.
Третиот играч на таа листа е напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, кој исто како и Тони влегува во последната година од договорот, па на дневен ред ќе биде и трансфер за него ова лето.