СПМ: Кај СДС нема желба ниту подготвеност да се решава кризата во државата

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека неизјаснувањето по двата предлози изнесени на лидерската средба е показател дека „кај СДС нема желба, капацитет, ниту подготвеност да се решава кризата во државата“.

„Социјалистичката партија на Македонија оценува дека лидерската средба се злоупотребува од СДС за ефтина прогаданда, а не за сериозен и одговорен пристап и барање решенија за проблемите.

СДС од почетните разговори пласира ставови и лаги, спинува дезинформации и шири лажна еуфорија дека се е прифатено и ќе се водат преговори, без да се изјасни за многу конкретните предлози.

Со подметнувањето дека тие наводно подале рака и прифатливи предлози ја замајуваат јавноста со ефтина и провидна демагогија.

Меѓутоа, со ставот на нивниот политички патрон ДУИ дека нема намера да се повлече и дека останува во власта до измените на Уставот, преќутно поддржано и од СДС, јасно е дека договор нема и не може да има.

Затоа Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека проблемите единствено може и мора да се решат само со итни нови избори.

Социјалистичката партија на Македонија бара итна и неотповиклива оставка од октроираниот и лицемерен премиер Ковачевски кој потврди дека нема капацитет и способност да ја води владата и државата во процесот на евроинтеграции.

Со заминување на СДС и Ковачевски од политичката сцена ќе се овозможи волјата на народот да дојде до израз и да се изберат вистински национално определени лидери кои ќе ја управуваат државата во интерес на македонскиот народ и сите граѓани“, стои во соопштението на СПМ.

Слични содржини