Оваа година поради пандемијата се откажаа голем број на прослави од јавен карактер. Скопјани оваа година имаа можност само да и се израдуваат на елката и новогодишните украси.
Првиот јавен дочек на Нова година се организирал во 1990 година од страна на редакцијата на некогашната ревија „Екран“.
Тогашниот претседател на Собранието (градоначалниците ги добивме по 1996 г.) им рекле дека идејата им е за пофалба, дека е убава, ама тие биле на мислење дека народот има поинаков менталитет, дека повеќе сака да слави Нова година во домашна атмосфера, дека не сака да се собира на плоштади.
Сите забавни и народни пејачи што значеле нешто во тој момент на естрадата биле гости на прославата на Новата 1990 година, освен оние малкуминашто имале тезги во Австралија или во Америка.
Како увертира, по плоштадот продефилирале џокеите на коњи од коњичкиот клуб „Илинден“, а членовите на Извидничкиот сојуз на Македонија направиле логорски оган на кој се печеле костени.На полноќ се случил и најавуваниот огномет.
Огнометот го осветлил Скопје, членовите на „Леб и сол“ на гостите им посакале „Среќна Нова година“ со „Чукни во дрво“, продолжиле во ритамот на „Скопјеееее“…