Според Мицкоски, „талогот на општеството“ се занимава со неговите часовници

„Не криев дека сум љубител на убави часовници и дека поседувам во својата колекција. Немам причина зошто да се срамам од тоа што сум го работел бидејќи сум го работел чесно и достоинствено“, вели премиерот за скапите часовници

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Гледам дека сум тема овие денови на оној мал во политичкиот свет што го нарекувам талог на општеството. Видете, јас не криев дека сум љубител на убави часовници и дека поседувам во својата колекција. Деновиве транспарентно ќе излезам со податок колку сум платил данок на државата додека сум бил во претходниот свет и сум работел за европски компании. Јас немам причина зошто да се срамам од тоа што сум го работел бидејќи сум го работел чесно и достоинствено“, вели премиерот Христијан Мицкоски по објавите на социјалните мрежи за неговите скапи часовници и обвинувањата на опозицијата.

Во дебатната емисија „Клик плус“, претседателот на Владата додаде дека „никогаш не го извалкал образот на неговото семејство ниту ќе дозволи да се извалка“.

-Никому ништо не должам. Се што правам е во интересот на граѓаните и Македонија и така ќе продолжам да работам и во иднина. На оние припадници на талогот на општеството, ќе им оставам „завидлизам“ и да водат такви кампањи против мене. Јас додека функционирам нема да оставам ниту дамка срам да падне врз мене и моето семејство, вели Мицкоски.

Компанијата „IFL Watches“ објави какви часовници носат премиерите и лидерите на повеќето држави-членки на НАТО и колку чинат. На листата се наоѓа и премиерот Мицкоски.  Според објавата, Мицкоски носи „ IWC Portofino“ часовник кој чини 6.900 долари, Еди Рама, премиерот на Албанија е забележан со „Monblanc Star Chrono“ вреден 4.700 долари, а премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ носи часовник „Hamilton“ од 2.000 долари.

Скандинавците и премиерот на Канада се најскромни: Мете Фредериксен со „Скаген“ од 125 долари, Јонас Гар Стјоре, со „Своч“ од 84 долари и премиерот на Канада Марк Карни со исто така „Своч“ од 100 долари.

Компанија ги објави модните додатоци на лидерите на НАТО: Мицкоски носи поскап часовник од Рама и Пленковиќ, Трамп со саат од 15 илјади долари