Според ММФ одржливоста на грчкиот долг е загрозена

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

Во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за одржливоста на грчкиот долг се наведува дека фискалните мерки не треба да бидат имплементирани порано, а контрамерките не порано од 2023 година, пренесува Greek Reporter.

Ако контрамерките бидат воведени од 2019 до 2021 година, тогаш примарниот суфицит ќе биде помал од 3,5% од бруто домашниот производ (БДП). Според ММФ овие мерки (1% од БДП од социјалните трошоци во 2019 г. и 1% од намалувањето на даноците во 2020 г.) треба да се применуваат по 2023 година

Освен тоа, во извештајот се нагласува дека високите нивоа на ненаплатливи кредити во грчките банки и слабиот квалитет на нивното финансирање претставуваат сериозен ризик за одржливоста на јавниот долг.