Според нејзиниот говор на телото, дворот има од што да се плаши

од Stefanija Kuzmanovska

Откако излезе трејлерот за интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри, кралското семејство стана главна тема на медиумите. Сите се прашуваат што откри Меган за кралското семејство, а експертот за говор на тело, кој ги анализираше нејзините гестови, смета дека дворот сепак има причина да се плаши.

Според експертот за говорот на телото Џуди Џејмс, најавите за разговорот веќе кажаа многу за Меган.

– Ако дворот се надеваше дека слатката енигматична насмевка на Меган Маркл од првиот трејлер може да биде вовед во низа нејзини негирања на сите тие драматични прашања во врска со дворот, негирања проследени со кикотења, тогаш ова видео каде „sвездата на немиот филм“ конечно зборува, одлучно го сугерира спротивното – анализира Џуди Џејмс.

Нејзиниот глас е понизок и побавен и секој збор го изговара со паузи и го истакнува.

– Поради тоа нејзиното обраќање звучи фактички, а не емотивно. Нејзините очи се движат настрана, што е вообичаено кога се сеќаваме на нешто и на тој начин ги обликуваме зборовите, а потоа додека зборува за „ризикот од губење на нештата“, таа ги движи очите во друга насока, поврзана со гледањето кон иднината – објасни таа.

Џуди додаде дека Меган и Опра воспоставуваат контакт лице в лице, што го прави нивниот разговор да изгледа како разговор на интелектуално еднакви луѓе.

До одредена мерка, нејзините зборови, продолжи Џуди, може да покажат дека Меган бара утеха, но го крена прстот за да покаже дека внимателно размислила како да одговори на сложени прашања.

Да потсетиме, британските медиуми пишуваат дека телевизиската мрежа во Велика Британија, ITV, може да се откаже од прикажување на интервјуто со Опра, за кое му платиле на американскиот CBS повеќе од еден милион фунти.

loading...

Слични содржини