„Спорното бодување го одржува Федерер во Топ 10 играчи во светот“: Сериозни обвинувања против Швајцарецот

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Потпретседателот на германската тениска асоцијација Дирк Хордорф, без влакна на јазикот, го критикуваше Роџер Федерер затоа што смета дека Швајцарецот директно влијаел врз него да остане на врвот на листата на најдобри тенисери во светот, иако тој не го заслужил тоа според резултатите, туку единствено преку влијанието кое го има на советот на АТП, чиј член е.

Хордорф и порано изнесувал критички ставови кон Федерер.

Хордорф не го прескокна ниту Ѓоковиќ, тој му замери на Србинот што сакаше да организира сопствен тениски сојуз, но тоа е ситница во однос на она што сега мораше да го каже на темата за позицијата на Федерер на АТП-листата.

„Федерер едноставно влијаеше да се смени моделот на бодување за да се заштити. Тоа е неодговорно и прилично нефер“, рече Хордорф.

Тој упати доста сериозни обвинувања кон Швајцарецот, кој, како што вели, останал на врвот на списокот само поради „замрзнувањето“ на бодовите и промената на системот заради пандемијата.

Хордорф е убеден дека Федерер го искористил фактот дека Ѓоковиќ и Васек Поспишил го напуштиле советот на играчите за да наметне посилно влијание при донесување важни одлуки пред играчите.

„Како што гледам, Федер ја користи позицијата и влијанието што ги има кај поголемите играчи. Никој не знае, но пред две години, Роџер Федерер беше тој што рече дека натпреварите на Мастерсот треба да се сметаат на АТП ранг-листата. Ова го кажувам без двоумење, мора да се каже: Роџер Федер не би бил меѓу 50-те во светот доколку правилата не беа променети“, рече Германецот.

„Кој профитира најмногу од фактот што овие турнири (мастерси) сè уште се бодуваат? Да се ​​избројат Мастерсите, кој е 19-ти турнир во годината (18 најдобри резултати во изминатата година се сметаат за АТП-листата), во следните две години. Тоа е перверзно“, вели Хордорф.

 

Слични содржини