Спортинг на Ристовски го доби Атлетико за ривал во четвртфиналето на ЛЕ

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Екипата на Спортинг од Лисабон за која настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во четвртфиналето од фудбалската Лига Европа ќе се сретне со Атлетико Мадрид.

Ова е одлучено на денешната жрепка во Нион, Швајцарија, по која познати се и другите три четвртфинални двојки.

Парови за 1/4финалето во Лига Европа:

Атлетико Мадрид – Спортинг Лисабон
Лајпциг – Олимпик Марсеј
Арсенал – ЦСКА Москва
Лацио – Салцбург

Првите натпревари на програмата се на 5 април, реваншите седум дена подоцна.

Полуфиналните средби се предвидени за 26 април и 3 мај, додека финалето е на 16 мај во Лион.

Слични содржини