Поранешниот НФЛ играч Демариус Томас (33) е пронајден мртов. Некогашниот играч на Денвер Бронкос, Хјустон, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џетс починал дома, а полицијата навела дека причината е медицински проблем.
Томас еднаш го освои Суперболот со Денвер Бронкос во 2015 година. За Бронкосите, кои ги напушти во 2010 година, играше осум сезони и беше еден од најважните играчи на тимот.
Тој остави таков белег во овој клуб што е втор на листата на Бронкос на сите времиња во трчање јарди и фатени тачдауни.
Покојната НФЛ-ѕвезда на почетокот на годинава објави дека ја завршува кариерата.
– Конечно донесов одлука. Одам во пензија, завршив и добро пројдов, напиша тој
Неговите поранешни соиграчи и целиот свет на НФЛ се скршени од неговата смрт и многумина се простуваат на социјалните мрежи.