Спортскиот арбитражен суд ги укина доживотните казни на 28 руски олимпијци

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана ги поништи доживотните казни нa 28 руски спортисти кои беа санкционирани поради позитивни допинг примероци. Вкупно 42 Руси беа казнети од страна на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој наметна најсериозна мерка во текот на својата историја.

На состанокот, сепак, КАС утврди дека „немало доволно докази“, па казните биле отфрлени. Меѓутоа, 28-те спортисти нема да можат да учествуваат во игрите во Пјонгчанг, кои започнуваат на 9-ти февруари.

Засега одлуките за трите натпреварувачки вп биатлон, Ола Зајцева, Олга Влухина и Јана Романова, се одложени. Сепак, казните за 11 од санкционираните се потврдени и тие остануваат со доживотна забрана.

Слични содржини