Спортскиот директор на Баер Леверкузен ги сруши надежите на Ливерпул

од Vladimir Zorba

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфс изјави дека нема да му се приклучи на Ливерпул на лето.

Во понеделникот, различни медиуми на германски јазик објавија дека Ливерпул сака да го ангажира тренерот на Баер Леверкузен Чаби Алонсо и спортскиот директор на клубот Симон Ролфс за новата сезона.

Сепак, Ролфс рече дека е „апсолутно среќен“ во Баер Леверкузен.

„Фактот дека има многу шпекулации околу Баер Леверкузен, што се должи на нашите успеси, е дел од работата“, изјави Ролфс за магазинот „Кикер“.

„Но, тоа не ја менува мојата задача. Не го продолжив договорот есента без причина. Во моментов сум целосно среќен во Леверкузен”, додаде тој.

Тимот од Леверкузен го израмни рекордот во Германија со 32 натпревари без пораз во сите натпреварувања во текот на сезоната. „Аспирините“ водат со 8 бодови во Бундеслигата.

Слични содржини