Спортскиот центар ,,Борис Трајковски од денеска се затвора за вакцинација

од Берта Китинска
289 прегледи

Спортскиот центар ,,Борис Трајковски од денеска се затвора за вакцинација.

Сите граѓани кои првата доза ја примиле на овој вакцинален пункт , за ревакцина ќе можат да одат во која било од поликлиниките во главниот град.

– На територија на град Скопје, вакцинацијата се одвива во 7 поликлиники. Во две смени работат поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари.

Според последните податоци со две дози во земјава вакцинирани се околу 730.000 граѓани, односно 43,6 % од полнолетното население.

Државата на располагање има над 200.000 вакцини, повеќето Фајзер, а секој понеделник преку ковакс механизмот се испорачуваат околу 12.000 дози од овој производител.

Слични содржини