Spotify објави „лајт“ верзија за стари телефони и бавен интернет

од Vlatko K
109 прегледи

Компанијата за стриминг на музика, Spotify ги протега своите раце на големите пазари кои се
карактеризираат со ниски приходи на населението и слаба пенетрација на Интернет.


За таа цел, компанијата ја објави апликацијата Spotify Lite за уреди базирани на Android.

Новата апликација која се истакнува со лесен формат, ќе биде достапна во Азија, Латинска
Америка, Африка и на Блискиот Исток, објави Си-Ен-Ен.

Апликацијата е наменета за корисници со слаба Интернет конекција или стар модел на паметен
телефон без многу меморија.
Spotify Lite е само 10 MB и ќе биде лесна за преземање и може да се користи независно од
стандардната апликација за бесплатно слушање музика и претплата.

Шведската компанија ја пушта „лајт“ верзијата на апликацијата во 36 земји, вклучувајќи ги Бразил,
Мексико, Египет, Саудиска Арабија и Индија.

„Ние се фокусиравме на проширување на компанијата во Индија и на Блискиот Исток“, вели
Сесилија Квист, глобален маркетинг менаџер во Spotify.

„Ова е фантастична апликација за овие мрежи … подеднакво силна, подеднакво гласна, но намерно
изградена за пазарите во развој“, додава таа.

Spotify стана јавно претпријатие минатата година, уживајќи силен раст засега. Претходно оваа
година услугата помина граница од 100 милиони платени претплатници низ целиот свет.

На крајот на февруари, Spotify дебитираше во Индија, откако за шест дена ги зголеми
претплатниците за 1 милион.

Следејќи го овој успех, компанијата се фокусираше на пенетрација на пазарот, каде што Интернет
услугите сè уште влегуваат. На пример, во Индија, Spotify е достапна на пет различни јазици.