186
Во непризнатата Придњестровска Молдавска Република, спречен е обид за убиство на претседателот Вадим Красноселски, осомничените се приведени, се вели во соопштението за печатот на министерството за државна безбедност на Републиката.
„Министерството за државна безбедност соопшти дека е спречен терористички напад. По наредба на Службата за безбедност на Украина, беше подготвено злосторство против голем број функционери на Придњестровската Молдавска Република. Осомничените се приведени и признале (дека учествувале во подготовката на атентатот)“, наведува министерството на својата веб-страница.
Според информациите, покрената е кривична постапка.