Спречен терористички напад во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Припадник на Исламската држава е приведен во предградијата на Москва под сомнение дека се подготвува да постави експлозивна направа во еден од објектите во таа област.

Станува збор за 21-годишен државјанин на една од соседните земји, рече помошникот шеф на Истражниот комитет за таа област, Олга Врадиј, пренесува „Спутник“. Против него е поведена кривична постапка.

„Притвореното лице е осомничено за учество во активности на терористичка организација. Терористичкиот напад беше спречен“, додаде таа.

Како што се наведува, младиот човек самоиницијативно се приближил до терористите, а во јуни смислил план за напад на некои од објектите во московскиот регион, за што набавил се што е потребно за да направи експлозивна направа.

Слични содржини