Спречен терористички напад за време на маратон во Виена

од Stefanija Kuzmanovska

Виенскиот маратон во април годинава бил цел на терористички напад по урнекот на бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година, но навреме била откриена терористичка ќелија во Австрија, тврди „Кронен цајтунг“.

Австриската Федерална канцеларија за заштита на уставот и борба против тероризмот открила наводна ќелија на Исламската држава (ИД) во Австрија поврзана со планови за напад на големи настани во Европа.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот наведува претходно познати детали за наводната таканаречена терористичка операција Treatment, која ја планирале членовите на наводната ќелија во Австрија.

Тоа била операција на ИД за да се одмазди за смртта на нејзиниот водач Абу Ибрахим Ал Хашими, кој беше убиен од американските специјални сили во февруари оваа година во неговото скривалиште во северозападна Сирија, пишува „Кронен цајтунг“.

Според весникот, во оваа група имало пет Ирачани, а водач е Ирачанец кој имал заштитен статус, а дошол во Австрија за време на мигрантската криза во 2015 година. По примерот на масакрот во Бостон, во кој две бомби усмртија три, а беа повредени околу 300 лица, оваа ќелија имала намера да постави бомба на целта на Виенскиот маратон, кој се одржа на 24 април.

Австриските власти го засилија вниманието по настаните од ноември 2020 година, кога Австриец со албанско потекло изврши терористички напад во Виена, убивајќи четири лица, а рани повеќе од 20.

Слични содржини