Парфемите, како и сите други козметички производи, имаат одреден рок на траење. За среќа, тој е доволно долг (4-5 години), но само ако правилно го чуваме.
Често луѓето неодговорно се однесуваат кон своите парфеми и ја фрлаат кутијата, оставајќи го шишето под дејство на светлина и други надворешни влијанија.
Правилното чување на вашето омилено шишенце со парфем загарантирано ќе ви овозможи максимално да уживате во мирисот што подолго време, па дури и неколку месеци по назначениот рок.
Рокот на парфемите почнува да тече од моментот кога ги вадиме од оригиналната амбалажа и првпат прснуваме од шишенцето. Со тоа, со тек на време, воздух продира во шишенцето, но прави незначајни промени, па затоа најчесто просечниот рок на траење на парфем е 24 месеци од моментот на првата употреба.
Потоа, со чување во оригиналната амбалажа и на темно место спречуваме светлината и топлината да влијаат на хемиската структура на парфемот и мирисните ноти да останат непроменети во текот на назначениот рок на траење. Ова особено важи за проѕирните шишенца.
За крај, избегнувајте да ги чувате парфемите во тоалетот. Таму секогаш има вишок на влага во воздухот, а влажноста исто така може да му го скрати рокот на траење.