Спремни сме да разговараме за приоритетно издавање лични документи на превозниците, вели Битиќи

од Nikola Popovski
204 прегледи

Асоцијациите на превозници се уште не доставиле официјално барање до Владата за овозможување приоритет за издавање на сите потребни лични документи на превозните трговски друштва, со оглед дека македонската економија зависи од увозот на стоките. Ова денеска го соопшти вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

-Разговаравме со Министерството за транспорт и врски и тие немаат посериозни проблеми. Може има исклучоци од превозниците кои го немаат решено проблемот со возачките и сообраќајните дозволи. Ако се постави како нужност, сме спремни да излеземе во поддршка на било кој од приватниот или јавниот сектор. Спремни сме да разговараме, истакна вицепремиерот.

Денес беше соопштено дека асоцијациите испратиле иницијатива и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

Слични содржини