Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Битола оствари работилница со поддршката на Професорката Софија Арнаудова со цел ментално и економско зајакнување на жените . Во работилницата беа вклучени околу 40 жени од ранливи категории на граѓани.
Професорката Софија која што ја водеше работилницата ги наведе присутните низ вежба да ја раскажат својата приказна. Зборуваше за балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот. Таа во непосреден разговор со присутните ја истакна важноста на психолозите кои можат да помогнат во балансот во животот како и личниот развој.
Жените сме силни ќе се избориме, доброто го победува злото беше една од пораките која ја посочи една од учесничките на работилницата.
Низ средбата водеше емоцијата, искреноста и вистинската желба за помош за ментално зајакнување на сите жени. Се зборуваше за сите форми на насилство: економското насилство, демнење, психичко насилство, физичко насилство.
Целта на кампањата „Гласна и храбра” која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика има за цел да го зајакне менталното здравје и да даде придонес во економското зајакнување во насока на постигнување на благосостојба кај жените во Република Северна Македонија.