Спутник V ќе се произведува и во Италија?

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија Adien Farm & Bioteh во врска со производството на вакцината Спутник V во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитријев.

„Деновиве разговараме со италијанската влада. Постојат многу (италијански) региони кои изразија ентузијазам за Спутник V и сакаат да ја произведат вакцината“, изјави Димтријев за Раи 3, пренесе ТАСС.

Производството на вакцини ќе помогне да се отворат нови работни места и Италија ќе може да го контролира производот.

Производството на Спутник V може да започне најрано во јуни, а РДИФ ќе објави во кои уште десет земји ќе се произведува Спутник V, покрај Русија.

Поточно, додава ТАСС, Фондот разговара за соработка со Германците и Французите.

Слични содржини